• понеделник, 29 јули 2024

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Снег, кој не се задржува на коловоз, има од Лисец до Попова Шапка, известуваат од ЈП „Македонијапат“.

Од јавното претпријатие посочуваат дека по засеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

ЈП „Македонијапат“ апелира внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот.

Оттаму, известуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. ир/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан