Сончево со мала облачност, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
![Сончево со мала облачност, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.](https://new.mia.mk/index.php/images/20240725215657_big_730x400_69.webp )
Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер.