• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на ДУИ за новите бројки во балансерот

Реакција на ДУИ за новите бројки во балансерот

Скопје, 26 јули 2024

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5% како што произлегува од процентот на вкупното население, на 24,3%, што значи илјадници Албанци помалку. во институциите држава. 

Оваа промена е сериозен удар за досегашните постигнувања за правична и рамноправна застапеност на етничките заедници во државата.  

Промената на формулата да го одразува само резидентното население, а не општото население е јасен обид да се маргинализира албанската заедница, но и да се поткопа придонесот на нерезидентното население кое континуирано придонесува за финансиската стабилност на земјата преку дознаки. 

Ова е втора одлука во насока на поништување на резултатите од пописот на населението, прво на ВМРО, а сега на Знам, и ја разобличува неспособноста на вазалите без изборен легитимитет кои го осиромашуваат албанскиот народ во моноетничката власт. 

Ние, во ДУИ, ова го гледаме како опасен обид за намалување на влијанието и учеството на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата. 

Оваа одлука е во целосна спротивност со духот на Охридскиот договор и со вредностите на демократијата и еднаквоста кои се основни за мирот и стабилноста во земјата. 

ДУИ ќе ги преземе сите неопходни чекори за да се спротивстави на оваа неправедна одлука и да ги заштити правата на Албанците во Северна Македонија. 

Ја повикуваме владата да ја преиспита оваа дискриминаторска одлука и да гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани на државата.

 

Демократска унија за интеграција – ДУИ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан