• недела, 01 септември 2024

Сончево и топло, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне нестабилно со дожд и грмежи
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8. Максималите дневни температури ќе бидат во интервал од 24 до 31 степен. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и услови за изолирана нестабилност со дожд и грмежи попладне. Температурата ќе достигне до 28 степени. И во вторник во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време. са/сп/

Остани поврзан