• вторник, 12 ноември 2024

Сончево и топло со мала до умерена облачност.

Сончево и топло со мала до умерена облачност.
Скопје, 27 август 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=7 Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени. За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Остани поврзан