• недела, 24 ноември 2024

Солскјер донесе решение за капитенската лента во Јунајтед

Солскјер донесе решение за капитенската лента во Јунајтед
Манчестер, 12 септември 2020 (МИА) - Хари Мегваер ќе продолжи да биде прв капитен на Манчестер Јунајтед, иако англискиот репрезентативец доби условна казна за инцидентот во кој беше вмешан за време на одморот на Миконос. Одлуката на судот во Сирос, на која се жалеше централниот дефанзивец, доведе до негово отстранување од репрезентацијата на Англија за натпреварите од Лигата на нациите на почетокот на месецот. Сепак, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека Мегваер ќе остане капитен на „црвените ѓаволи“. - Тој ќе биде наш капитен. Многу добро се снаоѓа во оваа задача и, се разбира, ќе го поддржам. За мене, тој е исклучителна личност. Тој отсекогаш бил позитивна личност со вистински вредности. Се надевам дека ќе се претстави во најдобро светло, рече Солскјер.

Тагови

Остани поврзан