• четврток, 26 декември 2024

Создавање министерство за туризам за надминување на проблемите во браншата, средба на Петрова со туристичките работници во Охрид

Создавање министерство за туризам за надминување на проблемите во браншата, средба на Петрова со туристичките работници во Охрид

Охрид, 8 март 2024 (МИА) – Строга контрола на трошењето буџетски средства наменети за капитални инвестиции и формирање министерство за туризам што би се грижело за надминување на проблемите во сферата се главните точки за кои е разговарано на денешната средба на дополнителната заменик-министерка за финансии, Елена Петрова, со туристички работници во Охрид.

На средбата со претставници на Трговското здружение за хотелиерски и угостителски бизниси (ХОТАМ), субјекти од туристичкиот и угостителскиот сектор, како и со претставници на туристичките агенции, беше дискутирано за потребата од изготвување соодветна стратегија за развој со конкретни цели во насока на искористување на потенцијалот за развој на туризмот.

Како што рече Петрова, една од главните пречки во развојот на туризмот во Охрид е отсуството на соодветен сообраќаен пристап до дестинацијата, пред се посочувајќи на патните делници Охрид – Кичево и Охрид – Свети Наум.

Таа во оваа прилика посочи на, како што рече, „енормно задолжување на Владата во капиталните инвестиции“, а пари за капитални расходи впрочем и нема.

- Околу 90 отсто од буџетските средства се трошат за плати во јавната администрација, пензии, социјални трансфери, а останатите десет проценти именувани како капитални расходи исто така структурно опфаќаат трошоци за капитални субвенции кон јавни и државни претпријатија, односно суштински непродуктивни трошоци... Секоја година се создава разлика на потрошени од обебзедени средства, односно буџетски дефицит кој секоја година изнесува околу половина милијарда евра, рече меѓу другото таа.

Петрова рече дека тие средства не само што не се потрошени за немената за која биле обезбедени, туку создале и дополнителни штети на буџетот.

- Последните седум години од буџетот се издвоени повеќе од 20 милиони евра за плаќање казни за неповлечени средства од кредитните заеми за капитални ивестиции. Во многу случаи неикористени се и средствата обезбедни преку ИПА фондовите. ЕУ има повлечено назад над 50 милиони евра, обезбедени само за министерствата за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање, рече Петрова, најавувајќи дека наредната влада ќе се трошат во насока на поврат на инвестирани средства во јавни добра.

Средствата за таа намена, како што истакна, би се обезбедиле преку зафаќање на сивата економија, поефикасна наплата на даноците, намалување на непродуктивно трошење, рационализирање на нептродуктивни трошоци, цврста дисциплина во трошењето средства со строги механизми за контрола на јавните набавки, стручно и професионално трошење на средствата наменети за капиталните проекти.

Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески, од своја страна истакна дека на средбата биле акцентирани проблемите со кои се соочува секторот туризам, пред се за подобрување на едукативната сфера за креирање соодветни кадри за кои постои дефицит во браншата.

- Проблемот со одлив на работна сила е проблем поширок од Македонија и не само во туризмот. Оваа година не сме со истиот страв од лани, со тоа што имаме некаков прилив на работна сила од надвор како испомош...рече тој. Според него, носењето работна сила од надвор, работници во секторот од далечни земји не е минус туку плус за државата, оттаму што, како што рече „со тоа ќе услужиме повеќе гости, а тоа значи повеќе даноци во државната каса и поголем прилив на девизи“.

Директорот на туристичката агенција „Вис-пој“, Јаким Маленко, рече дека на средбата е разговарано за сите општи проблеми во секторот туризам, а по однос туристичките агенции пред се по однос тековното работење и проблемите што произлегуваат од новиот правилник за финансиско работење.

Според Маленко, наплатата на готовина со ограничувања до две илјади евра, подигнувањето материјални трошоци максимално до илјада евра месечно се ограничувања што на туристичките агенции им го отежнуваат функционирањето.

- Се разговараше и за сивата економија, проблемите со нелојална конкуренција, од непријавени сместувачки капацитети, непријавување гости, неплаќање туристичка такса, избегнување користење агенции при прифаќање гости во Макеоднија...Сублимирано дојдовме до заклучок дека најдобро би било формирање сооветно министерство за туризам што би ја уредило проблематиката, рече Маленко. аб/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан