• петок, 27 декември 2024

Општина Гевгелија организира новогодишен дочек на Градскиот плоштад

Општина Гевгелија организира новогодишен дочек на Градскиот плоштад

Гевгелија, 26 декември 2024 (МИА) - Општина Гевгелија и годинава организира традиционален новогодишен дочек на Градскиот плоштад. Покрај украсувањето на градот со разновидни содржини и Новогодишен базар, новогодишната атмосфера ќе биде збогатена и со традиционалниот новогодишен дочек, информираа денеска од локалната самоуправа.

-За дочекот на новата 2025 година Општина Гевгелија и годинава подготви богата музичко-забавна програма. Граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја испратат 2024 година со концерт на Ефто Пупиновски и „Милениум бенд“, „Либра бенд“, „Европорта Фест“ во организација на Здружението „Внимание“- Гевгелија на кој ќе настапат млади музички таленти од Гевгелија со изведба на домашна и странска музика и настапот на Ѓорге Митров. Помеѓу настапите на музичките изведби,за изнудување смеа кај присутните на новогодишната забава е задолжен гевгелискиот стенд ап комичар, Дејан Малзарков со неговото шоу „Диверзија“, а водител ќе е Никола Опров, се наведува во информацијата.

Според градоначалникот Андон Сарамандов, Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка содржина преку целата година, а традицијата треба да се негува. Тој ги покани граѓаните заедно да ја дочекаат новата година. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан