• среда, 04 март 2026

Собранието ќе избира заменик-министри за одбрана и за образование

Собранието ќе избира заменик-министри за одбрана и за образование

Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Собранието денеска на 90. седница треба да одлучува за избор на нови заменици на министрите за одбрана и за образование и наука. 

Предлог за заменик-министер за одбрана е Адмир Шабани, поранешен портпарол на Државната изборна комисија, а за заменик-министер за образование и наука - Дритон Сулејмани, поранешен советник во Општина Куманово и портпарол на „Вреди“. 

На дневен ред на седницата е и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градењето, по скратена постапка. Според образложението, со измените треба да се овозможи ажурирање на целокупната слика во Катастарот на недвижностите и инфраструктурата за тоа каде се наоѓаат сите електронски комуникациски мрежи и средства, со цел нивно поефикасно, полесно и побрзо одржување. Со тоа би се спречило и евентуално настанување несакани штети доколку во иднина има потреба од градење друг објект или поставување опрема на места на кои веќе се поставени електронски комуникациски мрежи и средства. лв/аа/

фото: МИА архива 

Остани поврзан