• среда, 25 март 2026

Собранието ја утврди потребата за носење неколку закони, меѓу нив измените на законите за возила и за безбедност на сообраќајот

Собранието ја утврди потребата за носење неколку закони, меѓу нив измените на законите за возила и за безбедност на сообраќајот

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Собранието во рамки на денешната 92. седница ја утврди потребата за носење неколку закони. 

Пратениците дадоа поддршка да се усвојат по скратена постапка Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, по скратена постапка. 

Поддршка за натамошно второ читање не добија измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на добивка, поднесени од пратениците на Алијансата за Албанците на Зијадин Села. фф/паг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан