• недела, 24 ноември 2024

Сноуден побара руско државјанство

Сноуден побара руско државјанство
Москва, 2 ноември 2020 (МИА) - Поранешниот соработик на американската Национална безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден денеска поднесе барање за руско државјанство. Сноуден во 2013 година доби постојан престој во Русија. Тој а Твитер напиша дека сака да го задржи и американското државјанство. Барањето за руско државјанство Сноуден го поднесе откако неговата сопруга Линдзи Милс објави дека е бремена. Сноуден во 2013 година најде засолнипште во Русија откако побегна од САД, каде се соочува со обвинувања за шпионажа бидејќи откри глобална програма за прислушување и  следење ширум светот. Американскиот претседател Доналд Трамп во август најави дека е можно помилување на Сноуден, кој се соочува со 30-годишна затворска казна поради шпионажа. Сноуден, на кого му е одземен американскиот пасош на барање на Вашингтон, пристигна во Москва во мај 2013 година од Хонг Конг и планираше да се засолни во Јужна Америка. Но беше блокиран во Русија каде доби азил. ми/

Остани поврзан