• недела, 01 септември 2024

Сменет началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора

Сменет началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора
Подгорица, 29 декември 2020 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, Драгутин Дакиќ денеска е сменет од должноста и одлуката е испратена до претседателот на Советот за одбрана и безбедност и до шефот на државата Мило Ѓукановиќ на понатамошно постапување. Одлуката за смена на Дакиќ е потпишана од претседателот на Парламентот Алекса Бечиќ и премиерот Здравко Кривокапиќ. - Како член на Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора, заедно со претседателот на Владата ја потпишав Одлуката за разрешување од должноста на генерал-мајор Драгутин Дакиќ од началник на ГШ на Војската на Црна Гора, напиша Бечиќ на Твитер. ми/

Остани поврзан