• понеделник, 15 декември 2025

Маск ќе го сврти вниманието на „Тесла“, бидејќи профитот на компанијата се намалува

Маск ќе го сврти вниманието на „Тесла“, бидејќи профитот на компанијата се намалува

Вашингтон, 23 април 2025 (МИА) - Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави синоќа дека планира да поминува значително помалку време работејќи за американскиот претседател Доналд Трамп, откако неговиот производител на електрични автомобили пријави намалување на профитот.

Посочи дека ќе го насочи својот фокус кон управувањето со „Тесла“ од мај.

Тој додаде дека има намера да продолжи да поминува еден до два дена во неделата на должности на американската влада, барем додека Трамп го дозволува тоа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан