• четврток, 26 декември 2024

Смарагди и каталпи засадени во дворот на училиштето „К.Ј.Питу“ во Кичево

Смарагди и каталпи засадени во дворот на училиштето „К.Ј.Питу“ во Кичево

Кичево, 4 мај 2021 (МИА) - По изградба на новата ограда во основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Кичево, се создадоа услови да се рекултивира земјиштето по целата површина на големиот училишен двор.

Најпрвин беше засеана парковска трева, која беше редовно наводнувана и косена и опкружувањето на училишната зграда уште повеќе  стана попривлечно, рече Драган Андрески од „К.Ј.Питу“, кој најави и нови дрвца кои ќе бидат засадени во училишниот двор, покрај веќе засадените од претходната недела смарагди и каталпи, по што училишниот двор ќе биде еден од најубаво хортикултурно уредените во општината.

Тој додаде дека изградбата на новата ограда обезбеди услови училишниот двор да може да се преуреди по мерка за сите ученици и наставници, кои дел од денот го поминуваат во ова училиште.

Андрески посочи дека училишниот двор досега е збогатен со поголем број зимзелени и листокапни дрвца и нагласи дека тој процес ќе продолжи и понататаму до негово целосно комплетирање.

- Деновиве во училишниот двор засадивме поголем број зимзелени растенија од типот смарагд, кои во текот на целата година ќе го разубавуваат училишниот двор, како и нешто помал број на листокапни растенија од типот каталпа, рече Андрески.

Најави дека нови растенија ќе бидат засадени во сите делови на училишниот двор, кој е доста простран и овозможува застапување на голем број хортикултурни  решенија.

Како што истакна, се што ќе се сработи ќе го разубави училиштето во целост, единствено останува да се изгради и училишна спортска сала, со што овој училишен комплекс ќе биде целосно завршен по европски терк.за/бт/

Остани поврзан