• недела, 24 ноември 2024

Словенија од полноќ целосно го забранува движењето на јавните места

Словенија од полноќ целосно го забранува движењето на јавните места
Љубљана, 19 март 2020 (МИА) - Словенечката Влада на вонредна седница вечерва донесе одлука времено целосно да го забрани движењето на граѓаните и собирањето на јавните места, јави дописникот на МИА од Љубљана. Одлуката почнува да важи од полноќ, а има за цел да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот. Граѓаните сепак ќе можат да излегуваат доколку одат на работа, лекар, аптека или по набавка на храна. Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс за Телевизија Словенија изјави дека казните за непочитување на ваквата одлука ќе изнесуваат и до 400 евра. Дополнително Владата размислува и на армијата да и се дадат полициски овластувања, но за тоа да се случи потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, а пратениците засега не се за воведување таква радикална мерка. ав/гт/

Остани поврзан