• сабота, 23 ноември 2024

Скандал во Алпин поради наредби од боксот за време на ГП на Канада

Скандал во Алпин поради наредби од боксот за време на ГП на Канада

Монтреал, 10 јуни 2024 (МИА) - Тензиите повторно се зголемија во Алпин откако Естебан Окон покажа непослушност и одби да ги следи наредбите од боксот и го пушти другиот возач на тимот Пјер Гасли да помине пред него.

Според радио снимките, непосредно пред финишот, Окон бил замолен од боксот да го пушти Гасли да помине на 9-тото место за да може да го брка Даниел Рикиардо, кој сбеше 8-ми. Естебан првично одбил и му рекол на својот инженер да ја „заборави“ идејата, но подоцна, на свиокот 8 на 69-от од 70-те кругови, го пушти Гасли да оди напред.

-Драго ми е што двата болиди на тимот добија бодови, но нашиот пласман требаше да биде поинаков. Ми беше наложено да го пуштам Пјер можеби два круга пред финишот за да може да го стигне Даниел, но разликата беше 2,5 секунди и тој беше пребрз, па немаше смисла. Но, ја завршив мојата работа, покажав дека сум тимски играч. Секогаш сум ги почитувал упатствата што ги добивам. Јас го завршив мојот дел од задачата, но тимот не, што е многу тажно, изјави Естебан по финалето. 

Пред трката за ГП на Канада стана јасно дека Алпин нема да му понуди нов договор на Окон, кој во Монако предизвика несреќа со тимскиот колега Гасли и имаше очекувања да биде казнет и да не вози во Монтреал. дс

Фото: Алпин

Остани поврзан