• сабота, 27 јули 2024

Си Џинпинг вети дека Кина и Виетнам ќе изградат поблиски односи

Си Џинпинг вети дека Кина и Виетнам ќе изградат поблиски односи

Ханој, 12 декември 2023 (МИА) - Кина ќе изгради „кинеско-виетнамска стратешка заедница на заедничка иднина“ заснована на продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство меѓу двете земји, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, цитиран од кинеската државна телевизија CCTV. 

Си ова го изјави по средбата со лидерот на владејачката Комунистичка партија на Виетнам, Нгујен Пу Чонг.

Кинескиот претседател денеска ја започна дводневната посета на Виетнам со цел зајакнување на врските меѓу двете комунистички земји, три месеци по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Ханој и во услови на борба меѓу големите сили за воспоставување влијание во оваа југоисточна азиска држава.

Ова е прва посета на Си на земјата во последните шест години и е планирана со месеци, а официјалните лица велат дека дури накратко била разгледувана можноста таа да се случи пред посетата на Бајден на Виетнам. ссм/

фото: архива

Остани поврзан