• недела, 24 ноември 2024

Ситуацијата на Блискиот исток и електричното поврзување Грција - Кипар во фокусот на трилатералната Макрон-Мицотакис-Христодулидис

Ситуацијата на Блискиот исток и електричното поврзување Грција - Кипар во фокусот на трилатералната Макрон-Мицотакис-Христодулидис

Атина, 25 септември 2024 (МИА) – Последните случувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, претстојниот состанок на деветте медитерански земји од групата МЕД9, но и електричното поврзување Грција – Кипар, биле дел од темите за кои разговарале претседателите на Франција и Кипар, Емануел Макрон и Никос Христодулидис и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на трилатералната средба одржана синоќа во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.

Трилатералната средба Грција-Кипар – Франција беше на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Кипарскиот претседател по средбата истакна дека „загрижувачките случувања во регионот, како што беше очекувано, доминираат во сите разговори во Њујорк“ и во тој контекст, на трилатералната средба, како што посочи, „имајќи го предвид особениот интерес на Франција за случувањата во регионот“, биле разменети мислења за можностите за справување со ситуацијата, „ситуација која носи многу сериозни ризици“.

Христодулидис додаде дека предмет на разговор било и електричното поврзување на Кипар со Грција, „со оглед на интензивниот интерес за француското учество во реализацијата на овој проект од стратешко значење“. ср/паг/

Остани поврзан