• сабота, 23 ноември 2024

Ситуацијата во одделни ковид-болници во Италија е блиску до колапс

Ситуацијата во одделни ковид-болници во Италија е блиску до колапс
Рим, 6 ноември 2020 (МИА) - Италијанските болници би можеле многу брзо да бидат преполнети со пациенти заразени со коронавирусот, тврди претседателот на фондацијата ГИМБЕ, Нино Картабелота, кој вели дека во изминатите денови за 60 отсто е зголемен бројот на хоспитализирани ковид-пациенти. Локалните медиуми објавуваат фотографии од итна помош во Торино, на кои се гледаат пациенти како лежат на носила во ходници, бидејќи нема слободни болнички кревети. Во друга болница 14 автомобили на итна помош чекале во ред да ги префрлат пациентите кои морале да бидат хоспитализирани. И на Сицилија болниците се преполни со пациенти заболени со Ковид-19, а во Палермо, во две болници во кои нема слободни кревети за да ги примат сите пациенти, амбулантни возила чекале во колона по неколку часови. - Можно е на Сицилија да има помалку заразени отколку во останатите делови на Италија, но тамошните болници се на граница на функционалност, изјавил докторот Лука Ре. Регионот Кампанија не се наоѓа во таканаречената „црвена зона“, но ситуацијата во болниците во Неапол се блиску до колапс, тврди градоначалникот Луиџи де Мачистрис. гт/

Остани поврзан