• недела, 01 септември 2024

Сити понуди 63 милиони евра за Кулибали

Сити понуди 63 милиони евра за Кулибали
Рим, 14 август 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, може да ја продолжи кариерата во Англија. Според италијанскиот новинар Танкриди Палмери, Манчестер сити понуди 63 милиони евра за 29-годишниот играч. Наполи е подготвен да се раздели со играчот, но очекува дека понудата на „граѓаните“ ќе биде малку зголемена. Претходно беше објавено дека Сити е подготвен да му понуди на Кулибали плата од 10 милиони евра годишно. зс/

Остани поврзан