• недела, 24 ноември 2024

Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија со луѓе долж Источно-медитеранска рута

Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија со луѓе долж Источно-медитеранска рута

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи, во со-организација со Регионалниот ИПА проект ЕУ4ФАСТ и Меѓународната организација за миграции во Охрид спроведува „Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија со луѓе долж Источно-медитеранска рута“. Симулациската вежба почна вчера, а ќе се одржува до 17 октомври.

Како што соопштија од МВР, симулирана размена на информации за прекугранични случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе со однапред подготвени сценарија е со цел да се идентификуваат добрите практики на земјите учеснички од регионот, да се посочат увидените предизвици и заеднички да се дадат препораки за надминување на истите.

-Активноста е од особено значење за согледување на состојбата на национално ниво од аспект полициско-обвинителска соработка, како и понатамошно зголемување на нашата соработка со сите држави кои се дел од Источно-медитеранската рута. Само со интензивна соработка и меѓусебна, брза, ефикасна и непосредна размена на информации, можеме да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме на национално, регионално, како и на меѓународно ниво, потенцираат од МВР. бт/дма/

Фото: МВР

Остани поврзан