• среда, 25 декември 2024

Симонс ќе може да дебитира за Бруклин откако ќе закрепне од повредата на грбот

Симонс ќе може да дебитира за Бруклин откако ќе закрепне од повредата на грбот
Њујорк, 27 февруари 2022 (МИА) – Засилувањето на Бруклин, Бен Симонс, ќе може да дебитира за тимот откако ќе се опорави од повредата на грбот, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија. Нетси не одредиле точен датум за враќање на 25-годишниот Австралиец, но играчот е блиску до тоа. Во моментов не е познато дали Симонс ќе може да игра против својот поранешен тим, Филаделфија, на 10 март. Симонс се преселил во Бруклин во трејд од Филаделфија. Во сезоната 2021/22, кошаркарот не учествуваше на ниту еден официјален натпревар поради недоразбирање со својот поранешен клуб. зс/

Остани поврзан