• недела, 24 ноември 2024

Симоновски за МИА: Во 2022 планираме сериозна набавка на опрема и возила за ТТПЕ Скопје

Симоновски за МИА: Во 2022 планираме сериозна набавка на опрема и возила за ТТПЕ Скопје
Скопје, 29 август 2021 (МИА) - Пожарникарските екипи беа на висина на задачата во гаснењето на пожарите што во август ја зафатија земјава, но недостигот на опрема за локализирање на вакви пожари е огромен на цела територија, оценува во интервју за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. Во интервјуто кое целосно ќе биде објавено подоцна, Симоновски вели дека за овој период од годината карактеристични се шумските пожари и дека со временските промени и глобалното затоплување, во иднина може да се очекуваат се повеќе вакви пожари. Најавува вработување на 20 пожарникари, но поради претстојните локални избори, огласот е ставен во мирување. За следната година планирана е и сериозна набавка на опрема и возила за потребите на ТТПЕ Скопје. - Во јануари 2020 година донесовме одлука за набавка за три противпожарни возила и една автомеханичка скала за потребите на градот Скопје, но во таа бирократија, Бирото за управна контрола при јавни набавки ни ја поништи одлуката за трите возила и покрај дописот од наша страна за просечната старост од 30 години на возилата со кои располагаме и бевме одбиени. Околу бројот на вработени ДА, имаме недостаток и тоа голем. Имаме тековен оглас за вработување на 20 пожарникари, но распишаните локални избори го ставија во мирување. И како за податок, од 2019 година имаме вработено 41 пожарникар но, процесот на заминување во пензија неможеме да го ставиме во „МИРУВАЊЕ”. Опремувањето е планирано за 2022 година кога планираме сериозна набавка на опрема и возила за Бригадата, нагласува Симоновски. Во интервјуто, Симоновски зборува и за 5 август, денот кога ТТПЕ имаше рекордни 22 интервенции, а се осврнува и на опременоста на австриските пожарникари кои помогнаа во гаснењето на големите пожари што го зафатија малешевскиот крај. бак/дма/

Остани поврзан