• четврток, 26 декември 2024

Силен земјотрес регистриран на Камчатка

Силен земјотрес регистриран на Камчатка
Москва, 15 септември 2020 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на Камчатка. Според Руската академија за геофизички науки епицентарот на земјотресот бил во централниот дел на Полуостровот односно на 14 километри западно од селото Есо на длабочина од 353 километри. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/  

Остани поврзан