• вторник, 24 декември 2024

СЗО свикува итна седница за мајмунски сипаници

СЗО свикува итна седница за мајмунски сипаници

Женева, 7 август 2024 (МИА) - Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека ќе свика вонреден состанок на комитетот за да разговара за тоа дали актуелната епидемија на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго претставува вонредна состојба за јавно здравје од меѓународна загриженост.

СЗО соопшти дека се потврдени уште 50 случаи на мајмунски сипаници, а повеќе се сомнителни во четири земји - Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда - каде што не се пријавени случаи на болеста.

-Поради ширењето на мајмунските сипаници надвор од ДР Конго и можноста за понатамошно меѓународно ширење во и надвор од Африка, решив да свикам комитет за итни случаи во согласност со Меѓународните здравствени регулативи за да ме советува дали појавата претставува итен јавен здравствен проблем од меѓународен интерес, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција.

Светската здравствена организација соопшти дека вонредниот комитет ќе се состане „што е можно поскоро“, но не даде точен датум или други детали.

Во сегашната епидемија на мајмунски сипаници во ДР Конго, веќе се пријавени околу 27.000 случаи, а повеќе од 1.100 луѓе починале, главно деца, од почетокот на 2023 година. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан