• вторник, 24 декември 2024

СЗО прогласи голема епидемија на мајмунски сипаници во Конго

СЗО прогласи голема епидемија на мајмунски сипаници во Конго

Женева, 19 декември 2023 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) прогласи голема епидемија на Мпокс (порано позната како мајмунска сипаница) во Демократска Република Конго и во делови од светот.

Како што соопшти организацијата на ОН во Женева на 15 декември, од јануари до средината на ноември годинава во Конго се појавиле повеќе од 13 илјади сомнителни случаи и повеќе од 600 смртни случаи поврзани со болеста.

„Епидемијата претставува ризик за луѓето во ДР Конго, соседните земји и делови од светот“, рече експертот на СЗО Розамунд Левис.

СЗО работи со властите во Конго на проширување на капацитетот за тестирање и испорака на вакцини во земјата.

Според Левис, зголеменото ширење на болести во Конго е поврзано со сексуалната работа. „Поради бројните гранични премини меѓу Конго и соседните земји, има регионално ширење на вирусната болест. СЗО е загрижена затоа што за првпат во Конго е откриен сексуален пренос на вирусот Мпокс кој преовладува таму“, вели Левис.

Уште еден вид на вирус се шири во многу земји од мај 2022 година, пред се преку сексуален контакт. И во Германија имаше илјадници случаи. СЗО прогласи меѓународна здравствена вонредна состојба, која беше укината минатиот мај.

Мпокс вирусите (порано познати како мајмунски сипаници) се пренесуваат преку близок физички контакт. Најзабележителен симптом на болеста се плускавците и мозолчиња на кожата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан