Се чистат спомен-обележјата во Кавадарци
- Во тек е чистење на спомен-обележјето Костурница во градскиот парк, при што се отстрануваат графити и други несоодветни оштетувања.
Кавадарци, 4 април 2026 (МИА) - Во Кавадарци започна акција за чистење и одржување на спомен-обележјата, по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, информираа од неговиот кабинет.
Оттаму појаснија дека на иницијатива на Јанчев, од денеска започнуваат активности за чистење на спомен-обележјата во Кавадарци, со обезбедени соодветни материјали и средства за нивно одржување. Во рамки на акцијата, во тек е чистење на спомен-обележјето Костурница во градскиот парк, при што се отстрануваат графити и други несоодветни оштетувања.
- Активностите се реализираат во соработка со Територијалната противпожарна единица и Јавното претпријатие „Комуналец“, со заедничка цел - зачувување на достоинството и значењето на овие обележја. Како локална самоуправа, посветено се грижиме за заштита на спомен-обележјата, историјата и културното наследство, оставајќи ги како вредно сведоштво за идните генерации, подвлекоа од градоначалничкиот кабинет. свд/дма/
Фото: МИА архива