• недела, 28 јули 2024

Се урна мал цивилен авион во Германија, двајцата пилоти загинаа

Се урна мал цивилен авион во Германија, двајцата пилоти загинаа

Берлин, 15 мај 2023 (МИА) - Две лица загинаа при уривање на мал цивилен авион „Лирџет“ во близина на воздушната писта на НАТО во близина на германскиот град Рендсбург, објави денеска „Билд“.

Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале во, како што наведоа, тренажен лет.

Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета кон провинцијата Долна Саксонија.

На местото на несреќата се излезени голем број пожарникари и полиција, а се уште не се познати околностите кои довеле до падот. сд/

Остани поврзан