• сабота, 27 јули 2024

Се реновира внатрешноста на детската градинка ,,Планински цвет“ во Вевчани 

Се реновира внатрешноста на детската градинка ,,Планински цвет“ во Вевчани 

Вевчани, 20 јуни 2024 (МИА) - Промена на внатрешната столарија, старите плочки и замена на ламперијата со гипс картон се дел од активностите што се реализираат во детската градинка „Планински цвет” во Вевчани.

Градежните активности, како што информира директорката Даниела Мурџеска се реализираат во соработка со Југозападен плански регион.

- Градежните активности се во тек, а треба да завршат за три месеци. Ги реализираме со буџет од градинката и преку проект на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, истакна Мурџеска. 

Појасни дека со средства од ЦРЈПР предвидено е инсталација на топлотни пумпи во вредност од два ипол милиони денари, додека за замена на внатрешната столарија, плочките и замената на ламперијата деветстотини илјади денари. 

Градежните активности, според директорката Мурџеска, ќе се реализираат во летниот период, за се' да биде подготвено од септември. 

Во иднина најави дека е предвидено поставување фотовалтаични панели и партерно уредување на дворот. сс/дма/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан