Се гради улица до училиштето во карбинското село Парналија
- Почна изградбата на улицата кој води до подрачното училиште, а ќе се уредува и училишниот двор во карбинското село Парналија.
Карбинци, 27 март 2024 (МИА) - Почна изградбата на улицата кој води до подрачното училиште, а ќе се уредува и училишниот двор во карбинското село Парналија.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изврши увид во градежните активности и истакна дека се работи во повеќе населени места во Општина Карбинци.
-Она што сега се работи е пристапниот пат до училишниот двор и самиот училишен двор, кој ќе добие модерна, односно асфалтирана површина. Се работи за асфалтна површина од 1.250 метри квадратни, изјави Паунов.
Тој на денешната прес-конференција истакна дека реализацијата на овој инфраструктурен проект е во рамките на претходните проекти кои се работеа на територија на Општина Карбинци, односно изградба на улица во Горни Балван, како и патот меѓу селата Оџалија и Радање. Паунов посочува дека активности на терен има и во останатите села и населени места во Карбинци.
Вкупната инвестиција на овие проекти изнесува 4.800.000 денари, а парите се од буџетот на Општина Карбинци.вдј/свс
Фото: Општина Карбинци