• сабота, 27 јули 2024

Се гради платото пред Домот на културата во селото Нова Маала

Се гради платото пред Домот на културата во селото Нова Маала

Струмица, 10 мај 2023 (МИА) - Се гради платото пред Домот на културата во селото Нова Маала во Општина Василево и се врши партерно уредување на просторот.

Како што информираа од Општината, планирано е бетонирање и поплочување на платото, уредување на паркинг простор, поставување на урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци, фонтана за вода за пиење, летниковци и детски реквизити, како и хортикултурно уредување.

- Со реализација на активностите планирани со овој проект ликот на населеното место Нова Маала целосно ќе се промени, стои во изјавата од градоначалникот Славе Андонов.

Од локалната самоуправа додаваат дека со уредувањето на овој простор ќе се зголеми и функционалноста на Домот на културата со зголемување на можностите за организирање на настани од затворен и отворен тип, а целиот простор ќе биде функционално, плански осмислено и урбано уредено катче.

Изградбата на платото комплетно треба да заврши до крајот на септември оваа година.рт/цр

Фото: Општина Василево

Остани поврзан