Се гради затворениот базен во Кавадарци
- Се гради затворениот базен во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
![Се гради затворениот базен во Кавадарци](https://new.mia.mk/index.php/images/20240528121914_big_730x400_88.webp )
Кавадарци, 28 мај 2024 (МИА) - Се гради затворениот базен во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Продолжува изградбата на затворениот базен кој е на локација на поранешна ЛаЛуна. Базенот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат сите останати жители на кавадаречката општина, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Станува збор за капитален проект, инвестиција во висина од педесетина милиони денари.
- Проектот е финансиран од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно Општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба на лице место, појаснија од кабинетот на градоначалникот. свд/дма/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев