Касами: Општина Тетово наместо 24 милиони евра, сега должи 15 милиони
- Општина Тетово ги намалила долговите за девет милиони евра, односно од 24 милиони сега цифрата изнесува 15 милиони долг, информира градоначалникот на Тетово Биљал Касами на вчерашниот брифинг со новинарите.

Тетово, 28 март 2025 (МИА) - Општина Тетово ги намалила долговите за девет милиони евра, односно од 24 милиони сега цифрата изнесува 15 милиони долг, информира градоначалникот на Тетово Биљал Касами на вчерашниот брифинг со новинарите.
Кога дојде на функцијата Касами ја обвини поранешната градоначалничка дека оставила долгови од 24 милиони евра.
-Успеавме да го намалиме долгот на Општина Тетово како општина со сите институции во општината за 9 милиони евра. Од 24 милиони колку што беа евидентирани во моментот кога ја презедов функцијата градоначалник, сега во моментов долгот на општината заедно со училиштата, градинките, општинските претпријатија е 15.310.000 евра, истакна Касами.
Само општина Тетово должи 8,5 милиони евра, ЈКП „Тетово“ шест милиони, ЈКП „Шари“ 375 илјади евра, ЈП „Градски паркинг“ 110 илјади евра, ЈП „Тетово Транспорт“ 99 илјади евра, средните училиштата должат 48 илјади евра, а основните 6800 евра. ас/мд/
фото: Општина Тетово