• среда, 25 декември 2024

Се вжештува атмосферата околу изборот на нов претседател на Европската инвестициска банка

Се вжештува атмосферата околу изборот на нов претседател на Европската инвестициска банка

Брисел, 29 август 2023 (МИА) - Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ следниот месец на состанок во шпански град Сантијаго де Компостела треба да го изберат новиот претседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Во трката за прв човек на водечката институција за ЕУ за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти со седиште во Луксембург, се неколкумина кандидати, но како главни фаворити за наследник на актуелниот претседател на ЕИБ, Вернер Хојер се сметаат актуелната еврокомесарка за конкурентност Маргрете Вестагер и шпанската министерка за финансии Надија Калвињо. Покрај нив, во игра за оваа позиција се и двајцата актуелени потпретседатели на ЕИБ, Тереза Червињска од Полска и Томас Острос од Шведска, како и поранешниот италијански министер за финансии и економија и екс-вицегувернер на централната Банка на Италија, Даниеле Франко.

Поранешната данска вицепремиерка Вестагер, која го привршува својот втор мандат како членка на Европската комисија, ја најави својата кандидатура за челната позиција на ЕИБ пред два месеци. Таа за време на својот мандат како еврокомесар за конкурентност покажа цврст став во ограничување на монополската позиција на мултинационалните компании на европскиот пазар, но критичарите и забележуваат дека не успеала да ја заузда доминацијата на интернет пребарувачот „Гугл“, како и поради загубениот спор со „Епл“ за наплатата на даноци во Ирска.

Од друга страна, Калвањо, која е поренешна директорка на Генералниот директорат за буџет на Европската комисија, е шпански министер за финансии од 2018 година, а во 2020 имаше неуспешен обид да стане прв човек на Еврогрупата. Дополнително, постојат гласини и дека таа е заинтересирана и за едно од раководните позиции во Меѓународниот монетарн фонд или Светската банка, шпекулации поттикнати по нејзиното назначување за претседателка на Меѓународниот монетарен и финансиски комитет, советодавно тело во рамките на ММФ.

Официјални претставници од ЕУ во изјави за „Политико“, предност при изборот и даваат на Калвањо, имјаќи предвид дека таа како министер за финансии и самата е членка на телото кое треба да го направи изборот.  

- Изборот во голема мера е одлука на министрите за финансии. Ако сте актуелен министер за финансии, вие сте во предност, изјави неименуван европски функционер.

Шефицата на Европската унија за заштита на конкуренцијата Маргрете Вестагер остави можност американската Влада да се стекне со акционерски акции кај водечките играчи во областа на 5Г технолог

Се проценува дека клучно улога околу изборот на новиот претседател на ЕИБ ќе има Франција, која и замерува на Вестагер поради нејзината одлука од пред четири години за блокирање на спојувањето на францускиот гигант за производството на локомотиви и возови „Алстом“ со подружницата за железничка инфраструктура на германски „Сименс“.

Од друга страна Париз е заговрник на идејата ЕИБ да почне да инвестира и во проекти за развој на нуклеарната енергија, нешто што сега Банката не го прави. Ова ја става Калвањо во дополнителна предност, имајќи предвид дека Вестагер се противеше на инвестиции во нуклеарниот сектор.

Претставник на француската Влада посочи дека Вестагер „не ја освоила довербата“ на Париз, поради нејзиното противење на зголемена примена на нуклеарната енергија во рамки на Планот наречен „REPowerEU“ што го предложи Европската комисја за ставање крај на зависноста на ЕУ од руските фосилни горива до 2030 година.

- Но, што е уште поважно, со неа имаме некои разлики и за визијата за индустриската политика, изјави францускиот претставник за „Политико“.

Друг француски функционер изјави дека кандидатурата на Калвињо ги намалила шансите на Вестагер за избор на позицијата, особено во врска со поддршката на Париз.

- Париз јасно кажуваше дека Вестагер беше убедливо најдобриот кандидат, се додека не се појави Калвињо, истакна тој.

Двајцата француски соговрници на бриселскиот портал нагласуваат дека претседателот на Франција, Емануел Макрон сепак се уште не одлучил кој кандидат ќе го поддржи Париз.

Од друга страна отежнувачка околност за Калвињо, може да биде тоа што актуелната вицегувернерка на Банката на Шпанија, Маргарита Делгадо е најсериозен кандидат за нов претседател на Надзорниот одбор на Европската централна банка, па малку е веројатно дека останатите членки на ЕУ ќе се согласат Шпанки да раководат со две значајани европски финансиски институции.

Комитетот за економски и монетрани прашања на Европскиот парламент веќе ја поддржа номинацијата на Делгадо, но кандидатурата на Калвињо за раководител на ЕИБ, би можело да ја врати во игра за претседател на Надзорниот одбор на ЕЦБ, вицегувернерката на германската Бундесбанка, Клаудија Бух.

Доколку Делгадо сепак биде избрана на функцијата во ЕЦБ, тоа може како фаворит за прв човек на ЕИБ да наметне италијански кандидат, имајќи ги предвид резервите на Париз кон Вестагер. Италија веќе го номинираше блискиот соработник на поранешниот италијански премиер и шеф на ЕЦБ, Марио Драги, Даниеле Франко, но извори од Рим посочуваат дека тој може да биде предложен за член на Извршниот одбор на Европската централна банка, а за претседател на ЕИБ да биде номиниран друг кандидат.

Ваквите надмудрување околу изборот на првиот човек на ЕИБ, како што посочува „Политико“ само се вовед во она што ќе следи по изборите за Европскиот парламент во јуни идната година, кога ќе „се води вистинска битка за тоа кој ќе ја предводи ЕУ“. сп/

Фото: МИА Архива/Европска комисија

Остани поврзан