• вторник, 19 ноември 2024

Владејачката партија во Сенегал е на пат да освои апсолутно мнозинство во Парламентот

Владејачката партија во Сенегал е на пат да освои апсолутно мнозинство во Парламентот

Дакар, 18 ноември 2024 (МИА) - Владејачката партија во Сенегал е на пат да освои апсолутно мнозинство во Парламентот по изборите што треба да им дадат на властите можност да спроведат широки реформи, според првичните резултати што денеска ги објавија локалните медиуми.

Владејачката партија Пастеф треба да освои 119 од 165 пратенички места, јави радио РФМ.

Новинската страница Дакаракту објави дека Пастеф може да освои 131 пратенички мандат.

Ниту еден инцидент не беше пријавен за време на изборите.

Коалицијата Таку Валу на поранешниот сенегалски претседател Меки Сал ја осуди „масовната измама организирана од Пастеф“.

На парламентарните избори, што се одржаа вчера гласаа околу 7,3 милиони граѓани. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан