• четврток, 26 декември 2024

Семејствата на сириските затвореници принудени да плаќаат мито

Семејствата на сириските затвореници принудени да плаќаат мито
Дамаск, 4 јануари 2021 (МИА) - Во студијата на Здружение на притвореници и исчезнати лица во затворот Седнаја се наведува дека роднините за да ги посетат затворените лица или за нивно ослободување морале да ги поткупат државните службеници. Во еден сириски затвор било побрано мито од 2,7 милиони американски долари. Студијата содржи изјави од над 1.200 поранешни затвореници и членовите на семејствата на притворените. Околу една четвртина од испитаниците изјавиле дека им биле барани пари. Дел од нив платиле по неколку илјади американски долари, додека на семејствата кои живеат во странство плаќале и до 30.000 доалри. Авторите на студијата истакнуваат дека мито примале затворските чувари, судии, воени претставници. Тие наведуваат дека дел од парите им помагаат на членовите на режимот на Башар ал Асад да ги избегнат санкциите. Пред да почне војната во Сирија во 2011 година, според податоици на невладините организации биле затворени или се водат како исчезнати од 100.000 до 250.000 луѓе, а нивниот број драстично е зголемен од крајот на 2012 година. ми/

Остани поврзан