• недела, 17 ноември 2024

Селекторот на Алжир вели дека Марез не е среќен во Манчестер сити

Селекторот на Алжир вели дека Марез не е среќен во Манчестер сити
Алжир, 3 февруари 2021 (МИА) - Селекторот на Алжир, Џамел Белмади, изјави дека напаѓачот на националниот тим Ријад Марез е несреќен во Манчестер сити. - Марез не е стопроцентно среќен во Манчестер сити затоа што сака да игра повеќе. Ријад сака да излезе на терен на секој натпревар. Не можам да го замолам да ја напушти екипата, јас не сум негов агент, но важно е дека тој е во добра форма и подготвен за репрезентативните натпревари. Марез е наш капитен, на репрезентацијата и е неопходен и е во состојба да ја врати својата најдобра форма, изјави Белмади за „DZFoot“. Во сезоната 2020/21, Марез забележа 25 настапи за Манчестер сити, постигнувајќи шест голови и три асистенции. Дваесет и деветгодишниот Алжирец се појави во стартната постава на Сити два пати на последните шест натпревари. зс/

Остани поврзан