• среда, 25 декември 2024

Седница на Економско-социјалниот совет за петтиот пакет мерки

Седница на Економско-социјалниот совет за петтиот пакет мерки
Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) - Економско-социјалниот совет денеска одржа седница на која отвори широка дискусија за петтиот пакет економски мерки. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, членовите на Советот имаа можност да дадат предлози, сугестии и мислења кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на државната помош за оние на кои им е најпотребна. -Петтиот пакет економски мерки е насочен кон граѓаните, кон работниците, односно стопанството и кон сиромашните. Угостителството, транспортот, туризмот, тутунарите и медиумите се во фокусот на петиот пакет мерки, како директно најпогодени гранки на кои помошта им е неопходна, наведува Министерството според кое, целта е да се креира пакет мерки што ќе дадат најдобри резултати во насока на заздравување на економијата и полесно пребродување на кризниот период. Со седницата на Економско-социјалниот совет претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, а учествуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи и претставници на социјалните партнери, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи. мч/са/

Остани поврзан