• среда, 27 ноември 2024

Седница на Влада: Нова обиколница во Кавадарци и исплата на сите заостанати плати на вработените во Национални шуми

Седница на Влада: Нова обиколница во Кавадарци и исплата на сите заостанати плати на вработените во Национални шуми

Скопје, 21 август 2024 

Денеска се одржа 13тата седница на Влада на Република Северна Македонија.

На седницата се донесоа повеќе одлуки и решенија.

Владата донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати прати на вработените во Национални шуми. Со  ова се решава проблемот на 2. 000 вработени лица во Национални шуми.

Владата усвои информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар - Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, со предлог Решение, со што ќе се решава сообраќајниот хаос кој владее во Клиничкиот центар.

Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта да се изработи проектна документација за изградба на обиколница на Кавадарци.

Општина Кавадарци и Тиквешкиот регион имаат потреба од изградба на обиколница на градот, имајќи го предвид целокупниот товарен и патнички сообраќај на возила кои транзитираат низ општината, и истиот се одвива преку примарната и секундарна мрежа на сообраќајници, што во голема мера придонесува за уништување на изградената сообраќајна инфраструктура и изложување на Општината на дополнителни оптеретувања на буџетот секоја година, како и за поголем развој на Тиквешкиот регион.

Во однос на кадровските решенија Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок и му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а за член на Надзорниот одбор да го избере Бојан Николовски.

На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит.  Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП - Регионална дирекција Прилеп.

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата го разгледа Предлогот на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас бр.07/2024 за именување на  1 (еден) член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и согласно член 18 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019, 236/2022, 134/2024 и 147/2024), заклучи да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија да ја именува Елена Маркова Велинова.

Влада на РСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан