Седница на Буџетскиот совет на Собранието
- Буџетскиот совет на Собранието денеска одржа седница на која беше усвоена одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година. Годинава Собранието од планираните 42, реализирало само седум вработувања. Постапката за останатите е прекината поради изборите, но сега продолжува. Измените на програмата се однесуваат на отворање едно место во секоторот за Меѓународна соработка.
Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Буџетскиот совет на Собранието денеска одржа седница на која беше усвоена одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година. Годинава Собранието од планираните 42, реализирало само седум вработувања. Постапката за останатите е прекината поради изборите, но сега продолжува. Измените на програмата се однесуваат на отворање едно место во секоторот за Меѓународна соработка.
Членовите на Буџетскиот совет донесоа и заклучок за изменување на Заклучокот за утврдување на бројот на надворешни соработници во пратеничките групи имајќи предвид дека пратениците од Алијанса на Албанците се одвои од Европскиот фронт. Ним сега им е доделен еден асистент. ев/са/
ФОТО: Архива