Северна Македонија како претседавач на ОБСЕ ќе организира две големи конференции во Скопје и Аман
- Северна Македонија која ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година ќе биде домаќин на две големи конференции. Првата ќе се одржи во земјава, во декември, идната година каде сите претставници од 57-
Во однос на приоритетите на нашето претседавање потсети дека на 1 септември тој ги презентираше во Виена, а беа работени и подготвени во еден инклузивен процес во Министерството за надворешни работи во консултација со сите институции коишто имаа надлежност, но и со сите чинители во државата и во консултации со земјите учеснички.
При нивното утврдување, додаде водилки се три аспекти - континуитет и надоградување на приоритетите на претходните претседавања (полското и шведското претседавање), вградување на нашиот автентичен придонес и нашите погледи кон улогата на ОБСЕ и актуелните случувања, кои што го дефинираат списокот на приоритетите. Во тој контекст, додаде, руската агресија врз Украина на 24 февруари, која, вели, направи целосно скршнување, кон сите политички безбедносни прашања, ја сруши комплетно безбедносната архитектура во Европа, ја парализираше органзиацијата и поради блокада од страна на Русија присуство на ОБСЕ во Украина е прекинато и мисијата на ОБСЕ сето тоа се предизвици сами по себе.
-Заложбите на ОБСЕ се организирани во три димензии. Тоа е безбедносно - политичко воената димензија, економско - еколошката димензија и хуманитарната димензија каде што доминираат човековите права. Во делот на политичко воената димензија, која што мислам дека ќе биде најголемиот предизвик токму заради тоа што во моментот нема дијалог во ОБСЕ поради ставот на Русија, да ги блокира сите овие аспекти, поради агресијата во Украина, мислам дека смислата на кое било претседавање на кој било приоритети е веднаш да прекине агресијата во Украина и само тоа ќе овозможи едно нормално функционирање на ОБСЕ и враќање на кредибилитетот, но и враќање на инструментите коишто ОБСЕ ги има создадено последните децении.
Ќе се обидеме, рече Османи, да го одржиме тој дијалог жив, бидејќи ОСБЕ е единствената безбедносна организација каде ја имате и Русија и САД.
-Немате таква безбедносна платфорама каде што може да се разговара за овие прашања, се разбира многу од прашањата на дијалог денеска се решаваат на терен во Украина и многу тешко ќе се очекува во вакви услови да има еден нормален дијалог. Затоа приоритезирањето е фокус кон прекинување на агресијата која што е нелегална, која што е против сите фундаментални заложби за да потоа се продолжи кон еден дијалог за враќање на мерките на доверба и другите заложби на ОБСЕ, нагласи шефот на дипломатијата.
Фокус ќе биде ставен и на замрзнатите конфликти, рече Османи посочувајќи на случувањата деновиве помеѓу Азеребејџан и Ерменија.
-Еден од нашите белези во дефинирање на приоритетите е да се прави разлика на терен. Тоа е крајниот исход на кој било кој ангажман. Ќе биде успешно претседавањето ако сме помогнале и на едно семејство, на една заедница. Ако сме спречиле мал конфликт којшто можел да се спречи. ОБСЕ е пред се за луѓето, нагласи Османи. вг/ац/