• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: Токму во време на СДСМ надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија

СДСМ: Токму во време на СДСМ надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија

Скопје, 2 февруари 2024 

После 20 години шепотење и непреземање ништо, токму во време на СДСМ надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија.

Основното јавно обвинителство постапува и презема мерки во својата надлежност врз база на веќе обезбедени докази од страна на МВР во изминатите неколку месеци.

Тоа е правилно, законски, одговорно.

За жал, и во овој скандалозен случај Онкологија се потврдија нечесните намери на ДПМНЕ.   Се она што го кажа ДПМНЕ излезе неточно за овој случај. Чиста лага.

ДПННЕ треба да собере храброст и да им се извини на граѓаните за сите лаги и манипулации.

Два месеци ДПМНЕ ја злоупотребуваше работата на Анкетната комисијата.

Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се злоупотребуваше македонското Собрание, сееја лаги и на крај, пропадна работата на Анкетната комисија.  

Имаше денови кога ДПМНЕ буквално бегаше од одржување седница на комисијата и со денови не се свикуваше седница.

На крај, анкетната не даде никаков резултат, а поради манипулациите и злоупотребите на ДПМНЕ не се усвоија никакви заклучоци.

Иако СДСМ имаше издржани, реални заклучоци кои повикуваа на одговорност и постапување на надлежното јавно обвинителство.

Се потврди она што од самиот почеток го говоревме, дека намерата на ДПМНЕ беше да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели.

Но и во тоа не успеа. Случајот е пред целосно расчистување.

Сите инволвирани во овој скандалозен случај ќе сносат одговорност, ќе биде расчистено се и до крај, благодарение на одговорниот пристап на СДСМ.

 

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан