• недела, 24 ноември 2024

СДСМ: Отворен е патот за побрза и поевтина градба на коридорите, најголемиот стратешки проект вреден 1.3 милијарди евра

СДСМ: Отворен е патот за побрза и поевтина градба на коридорите, најголемиот стратешки проект вреден 1.3 милијарди евра

Скопје, 27 мај 2023

Собранието на Република Северна Македонија, ги донесе измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес. 

На овој начин се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д. 

Со овие два коридора за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, наместо како досега да бидеме поврзани само меѓу север и југ. 

Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години.

Тоа е директен импакт врз македонската домашна економиј и е трајна вредност во инфраструктурата. 

Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Северна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа. 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан