• среда, 27 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат зошто не лобирале за Резолуцијата во Бундестагот

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат зошто не лобирале за Резолуцијата во Бундестагот

Скопје, 17 јуни 2023

Усвојувањето на Резолуцијата на германскиот Бундестаг е силна поддршка за членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност.

Македонската јавност очекува одговори од Мицкоски зошто не направил ништо, зошто не лобирал за оваа значајна Резолуција кај сестринските партии во Бундестагот?

Резолуцијата беше поддржана од сестринските партии на СДСМ, германските социјалдемократи, како и од сестринските партии од нашите коалициски партии, Либералите и Зелените.

Единствено против беа сестринските партии на ДПМНЕ.

Мицкоски и ДПМНЕ воопшто не ги убедувале сестринските партии да ја поддржат Резолуцијата за македонскиот јазик, идентитет и култура во германскиот Бундестаг.

Мицкоски досега нема направено ништо за македонскиот јазик и идентитет а сега не мрднал со прст за волку важна одлука.

Тоа е вистинското лице на ДПМНЕ и Мицкоски кои не не застанале зад државниот интерес и македонскиот идентитет.

Прашањето е зошто? Или Мицкоски нема никаков кредибилитет кај сестринските партии и никој не го сваќа сериозно.

Или воопшто не сакал нешто да преземе. Нема друго.

Одговорот на Мицкоски ќе ги разјасни и гласините дека еден поранешен минстер на ДПМНЕ имал спровитен став од одлуката на германскиот Бундестаг.

Граѓаните очекуваат одговори од Мицкоски.

Фото: Јутјуб

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста, прес-конференција на Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан