• среда, 25 декември 2024

СДСМ: Крај на огромните камати – усвоени измените на законите за извршување и облигациони односи

СДСМ: Крај на огромните камати – усвоени измените на законите за извршување и облигациони односи

Скопје, 18 јули 2023

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои иемните на Законот за облигациони односи, како и Законот за извршување со кои повеќе нема да може каматата да биде повисока од долгот.

Овие измени кои доаѓаат по бројни реакции од граѓаните до пратениците, ќе овозможат  кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, таа да престане да тече.

Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

На овој чин ги штитиме граѓаните и ставаме крај на праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле, како што тоа беше случај често пати досега.

Пратениците од ДПМНЕ и Левица кои секојдневно глумат загриженост за граѓаните, не гласаа за овие законски измени и уште еднаш како и многу пати до сега се ставија на спротивната страна од интересите на граѓаните.

СДСМ, преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи продолжува да се грижи за животниот стандард на сите граѓаните.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Остани поврзан