СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“
- Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква „мала реформа“. Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
16 февруари 2026
Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква „мала реформа“. Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Кај тутунот субвенцијата за прва класа е намалена од 100 на 80 денаризао килограм, што претставува директен удар врз тутунопроизводителите.
Со зголемувањето на минималните површини за лозарство, овоштарство и полјоделските култури неколку илјади земјоделци првпат од 2004 година наваму ќе останат без денар субвенции.
Дали како „реформа“ Трипуновски и Владата на Мицкоски го сметаат елиминирањето илјадници земјоделски семејства од системот на државна поддршка?
Што е следно, дека и најголемиот криминален скандал со ИПАРД-програмата ќе го прогласат за „реформа“?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остави земјоделците и без европска помош и со намалени субвенции.
Оваа Влада не ги крати парите за тендери, туку ги крати субвенциите од кои живеат земјоделците.
161 тендер за една фирма, 51 тендер за втора, 74 тендери за трета, 1,2 милион евра за фирма блиска до ЗНАМ преку „Пошта“, 9 милиони евта за фирма со двајца вработени.
Не се крати тука ништо, како колачиња се делат тендери.
Нема пари за субвенции, нема пари за минимална плата од 600 евра, има пари само за криминални тендери, нов авион и за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ