• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: Буџетот е ликвиден, институциите се подготвени да одговорат на предизвиците во делот на економијата и енергетиката

СДСМ: Буџетот е ликвиден, институциите се подготвени да одговорат на предизвиците во делот на економијата и енергетиката
Скопје, 28 февруари 2022 Владата предводена од СДСМ сериозно ги следи глобалните економски текови кои во периодот се нарушени од руската агресија врз Украина. Државата, институциите се подготвени да одговорат на предизвиците во делот на економијата и енергетиката, со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Граѓаните можат да бидат спокојни. Буџетот е ликвиден и во моментот се спроведуваат сите најавени мерки. Од јануари до сега 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија. Со мерката за покривање на дел од сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи се покриваат од 600 до 800 денари за сметките за струја на домаќинствата. Досега, со брза интервенција спречивме енормен раст на цената на струјата благодарение на навремено активирање на сите расположливи капацитети за производство на струја. Во таа насока е и одлуката за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто со кое им се помогна на домаќинствата за намалување на нивните трошоци. Владата одлучи од први март до 31 мај да ги ограничи маржите во трговијата. На мало заработката се ограничува на 10%, додека во трговијата на големо на 5%. Станува збор за производите чии цени досега беа замрзнати, а сега се додаваат и овошјето и зеленчукот. Владата предводена од СДСМ навремено ќе реагира на сите последици од оваа криза преку ефикасни и одржливи решенија. СДСМ како одговорна и државотворна партија, останува целосно посветена на заштита на економскиот стандард на граѓаните и унапредување на економијата. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан