• недела, 24 ноември 2024

Свеченост „Тетовски јуриш кон вечноста“ во чест на 76 годишнината ослободувањето на Тетово

Свеченост „Тетовски јуриш кон вечноста“ во чест на 76 годишнината ослободувањето на Тетово
Тетово, 14 ноември 2020 (МИА) - По повод Денот на ослободувањето на Тетово 19 ноември Организацијата на Сојузот на борците од Народноослободителната Борба (НОБ) и граѓаните продолжувачи од Тетово овозможија граѓаните од дома да проследат пригодна свеченост поради пандемијата. „Тетовски јуриш кон вечноста“ во чест на 76 годишнината од ослободувањето на Тетово е насловена свеченоста која премиерно ќе се емитува на 18 ноември со почеток во 20 часот на јутјуб каналот и Фејсбук страницата „Слободно Тетово“. -Иако во вонредни околности на достоинствен начин ќе биде одбележан овој значаен ден, ќе биде прославен роденденот на Тетово, денот на обединување и заедничко оддавање на почит на знајните и незнајни борци кои не задолжија давајќи ни го она кое е највредно - слободата. Минатата година одбележавме 75 години Слободно Тетово, достоинствено и на високо ниво како што доликува после децении. Во преполната сала и хол на  Центар за култура „Иљо Антески Смок“ имавме вистински празник на заедништво. Годинава соочени со вистинска криза предизвикана од коронавирусот одлучивме да пркосиме и да прославиме на соодветен начин и во вакви услови, со цел да создадеме традиција, најавија организаторите. Свеченоста ќе се емитува преку јутјуб каналот и Фејсбук страницата „Слободно Тетово“ на организаторите на свеченоста како и на локалните медиуми. ас/ев/

Остани поврзан