• недела, 24 ноември 2024

Светски експерти од глобални брендови на јубилејната 5. Конференцијата за е-трговија „E-commerce: Accelerate!“

Светски експерти од глобални брендови на јубилејната 5. Конференцијата за е-трговија „E-commerce: Accelerate!“
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Еминентни светски експерти од глобални брендови ќе учествуваат на Петтото јубилејно издание на најголемиот настан за електронска трговија во земјава - Конференцијата за е-трговија, која оваа година ќе се одржи на 11 ноември во Скопје под мотото „E-commerce: Accelerate!“, а ќе добие и регионален карактер. Се очекува на форумот да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, маркетинг експерти, менаџери и директори на компании и владини претставници од земјава, како и од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и од Хрватска, што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание. - Во фокусот на конференцијата годинава се четири теми кои се внимателно избрани за да одговорат на потребите на индустријата. Конференцијата ќе биде одлично место за да се научи и дознае повеќе за: можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, поврзаноста помеѓу податоците, маркетингот и технологијата, како и за вистинските приказни од успешни е-трговци од регионот, наведуваат организаторите. Според агендата, четирите главни теми на конференцијата ќе бидат претставени низ шест презентации, еден неформален разговор, четири панел сесии и две студии на случај. Сето тоа ќе биде презентирано од еминентни светски експерти кои специјално за конференцијата доаѓаат во Скопје од глобално познатите брендови меѓу кои Тик-ток, Гугл, Пејонир, Мастеркард и многу други. Од домашните говорници, своето искуство на конференцијата ќе го пренесат Ангелина Блажеска, косопственик на мобилната апликација за фитнес - FitKit, Бобан Милосавлески, основач и косопственик на првата автоматизирана платформа за е-трговија во Македонија - Vendor, Дарко Перушески - сопственик на првата македонска национална стриминг платформа – Gley и многу други. Традиционално, конференцијата ќе заврши со гејмификација, квиз натпревар со вредни награди за победниците. По завршувањето на официјалниот дел, вечерта следува голема роденденска забава за сите присутни учесници на конференцијата, а утрото на 12 ноември - искачување на Водно заедно со говорниците и спонзорите на конференцијата. вг/сп/

Остани поврзан