• недела, 28 јули 2024

Санчез: Шпанија ќе преземе иницијатива за одново да започне дијалогот за кипарското прашање

Санчез: Шпанија ќе преземе иницијатива за одново да започне дијалогот за кипарското прашање

Никозија, 5 април 2023 (МИА) – Шпанија ќе преземе иницијатива за рестартирање на дијалогот за кипарското прашање, истакнал премиерот на Шпанија Педро Санчез по средбата во Никозија со претседателот на Кипар Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Санчез истакнал дека Шпанија силно го поддржува изнаоѓањето „бизонално, би-комунално федеративно решение, кое е трајно и праведно, засновано на резолуциите на ОН и на принципите на меѓународното право“.

Потенцирал дека ќе работат во оваа насока за време на шпанското претседателство со ЕУ во втората половина на годинава, а Кипар може да смета на поддршка од Шпанија.

Христодулидис рече дека му се заблагодарил на Санчез за позицијата за кипарскиот проблем, истакнувајќи дека „Шпанија има особена чувствителност за прашањата што се однесуваат на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста“, а од шпанскиот претседател ги слушнал приоритетите на претстојното претседателство. ср/паг/

Фото: Прес канцеларија на Кипар

Остани поврзан